Нестор Е. Лара Баеца

Нестор Лара Баеза е еден од сопствениците на Xhibition. Својата дејност ја врши од канцеларијата во Њујорк од каде успешно менаџира односи со јавност за клиенти кои работат во сферата на туризмот, архитектурата како и клиенти – поединци кои сакаат да си го промовираат својот начин на живот.

Xhibition е компанија специјализирана во областа односи со јавност. Со главно седиште во Њујорк и претставништва во Лондон и Тел Авив, оваа реномирана компанија нуди светски PR, притоа задржувајќи се на своите принципи на работа кои во најголема мера се темелат на локална префинетост и практичен пристап на софистицирана компанија со внимателно одбран тим. Може да се каже дека имаат клиенти од многу различни дејности, како што се хотели со долга историја што успешно ја градат својата приказна или пак врвни туристички компании за кои Xhibition има посебен пристап “по мерка” со цел постигнување на впечатливи резултати.

Детали за говорник