Горазд Скрт

Jа започна својата кариера во туризмот во 1999 година, работејќи за туристичката агенција Клуб во Мост на Сочи, организирајќи патувања со стар воз на пареа на „Трансалпската железница“, секогаш доследен на своите идеи дека посетителите треба да добијат повеќе отколку што очекувале, дека треба целосно да ја искусат земјата во која патуваат и кога се на одмор да ги живеат своите соништа.

Тој продолжи да ги следи овие вредности и кога започна да работи во Словенечката туристичка организација. Во 2007 година стана директор за италијанскиот пазар.

Во 2015 година, беше назначен за директор на словенечкиот павилјон на Светскиот Саем (World Expo) во Милано. Сметаше дека најголемиот саем во светот е одлична можност покрај економијата да го промовира и словенечкиот туризам. Павилјонот го посетија над еден милион посетители и ги надмина сите очекувања. Весникот „Ил Кориере дела Сера“ го наброи словенечкиот павилјон меѓу четирите најживи и најпосетувани места на Светскиот саем.

Во 2017 година основа своја компанија Lovely Trips, преку која на италијанскиот пазар ги промовира и претставува туристички региони и производи од Словенија, Централна и Југоисточна Европа.

Детали за говорник