Френк Мар

Френк Мар е лидер во сферата на дигитален маркетинг и односи со јавностa. Несомнено, фактот што се најде и во листата на “PR Week’s ‘Top 30 under 30” во 2015 година, говори за неговото позиционирање во дигиталниот свет уште на самите почетоци од неговата кариера. Френк стои зад бројни кампањи од светски ранг. Своето знаење безрезервно го споделува во Јужна Кореја од каде, после две години се враќа во Велика Британија каде што е ко-основач на компанијата АМ + А (AM+A Marketing and Media Relations ). Оттогаш тој се здобива и со висока репутацијата во туристичкиот свет, благодарение на неговото директно учество во трансформација на туристички бизниси работејќи со нив за да ги воочи нивните потреби. Како извонреден вмрежувач обезбедува високо ниво на глобално медиумско покривање.

Детали за говорник