
Роберт Ди, познат во Балканот како еден од основачите на New Deal Europe – виртуелна платформа која има за цел генерирање на туризам во овој дел од светот, преку која се одржа еден од досега најуспешните виртуелни саеми и форуми под името New Deal Europe Marketplace and Forum. Всушност, поврзаноста на Роберт Ди со нашиот регион датира уште од 1985 година кога за прв пат работел како туристички водич за Cosmos Tourama на нивните организирани тури ” Jewels of Yugoslavia ” во текот на три сезони. Веќе од 1990 година тој бил поставен на високи водечки позиции во повеќе светски организации. Бил на чело на секторот за склучување договори за Gulliver’s Travel Associates или попознати како GTA – еден од најголемите тур оператори за дојдовен туризам во Европа, каде Роберт бил одговорниот за склучување договори со 36 000 хотели. За ова, тој бил именуван како Директор на продажба на хотелски аранжмани на светско ниво за ланецот Radisson, што се наоѓа во првите 10 водечки хотели во светот, и најбрзорастечки хотелски ланец во Централна и Источна Европа. Во текот на својата кариера успеал, и покрај бројните обврски, да работи и како гостин предавач на Универзитетот во Сари, поточно на високоценетиот Факултет за Туризам и Менаџмент, но и во наредните 20 години да биде назначен за почесен член во советодавното тело на Европската асоцијација за туризам, вклучувајќи ја и позицијата со 4 годишно траење, Претседател на членовите добавувачи. Роберт, исто така, води и своја консултантска куќа и напорно работел на проекти во Хрватска и Словенија, со најголем фокус на продажбата, позиционирање на бренд, одржлив развој вклучувајќи ги и хотелите, ресортите и самите Тур оператори за дојдовен туризам.