
Марлон Ван Хее (Холандија – 1976)
Претходно работно искуство во холандски тур-оператор како продукт менаџер и како координатор за онланјн маркетинг на Германскиот национален одбор за туризам. Во 2007 година започна да работи за Европскиот центар за еко и агро-туризам (ECEAT); невладина организација вклучена во проекти за одржлив развој на туризам ширум светот.
Во своите улоги како проект-менаџер, тренер, истражувач и тренер, Марлон ги поддржува во својот развој: Малите и Средни туристичките претпријатија, бизнис здруженијата и иницијативите за туризам засновани на одржливост во Африка и Азија во градењето капацитети, развој на продукти, општествена одговорност на компаниите, маркетинг и промоција, пристап до пазарот на ЕУ и деловно вмрежување.
Марлон има импресивна мрежа во рамките на европската индустрија за излезни туристички оператори, меѓународен туристички печат и медиуми. Активен е во Мјанмар од 2015 година како туристички експерт за холандската влада и за меѓународниот трговски центар на ООН. Воедно активно е вклучен во развојот и спроведувањето на системот за управување со одржливост и сертификација на Travelife за тур-оператори и туристички агенции, www.travelife.info.
За време на неговиот кариера, Марлон има организирано повеќе патувања за запознавање, роуд-шоуа, конференции за туризам и настани за деловно спојување.