КОНФЕРЕНЦИЈА
5-та МАКЕДОНСКА ТУРИСТИЧКА БЕРЗАТУРИЗАМ И ПРЕДИЗВИЦИ 2021 – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
25.02-26.02 Скопје, Македонија
ДЕНА
ЧАС
МИНУТИ
СЕКУНДИ
ЗОШТО МАКЕДОНСКА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА
Едукација

Споделување на успешни практики, знаења и искуства од Европа и светот. Обновување на туризмот преку нови дигитални технологии, протоколи на Европската Унија и Светската туристичка организација (СТО) за туризмот во време на КОВИД-19.

Промоција

Презентирање на туристичките дестинации во Македонија, нивната понуда и продукти. Промотивно ЕКСПО на клучните деловни чинители, дестинации и атракции со платформа за непречено директно контактирање.

Бизнис

Реални бизнис можности и извоз на македонските туристички продукти и сервиси. Онлајн Б2Б средби, состаноци со 30 европски тур оператори (купувачи) кои ќе бидат присутни на настанот и 30 лидери на македонската туристичка индустрија (продавачи).

Македонската туристичка берза е настан што го организира НАИТМ – Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, за прв пат во 2016 година, и оттогаш постепено прерасна во централно збиднување во сферата на туризмот во Македонија. Овој исклучително важен настан е главно место за остварување средби на професионалците од индустријата со цел идентификување на деловните можности токму преку директна соработка и продажба. Воедно, претставува собир на клучните чинители на дојдовниот туризам во нашата земја: тур-оператори, хотели, ресторани, превозници, културни институции и музеи, туристички водичи, спортски авантуристички клубови, провајдери на туристички атракции. Оваа година настанот нема да се разликува по обем, но сепак начинот на изведба и фокус дефинитивно ќе бидат променети. Поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, туристичката берза за прв пат ќе се одржи во онлајн хибриден формат. Фокусот ќе биде насочен кон решавање на тековните предизвици на туризмот за како и предизвиците кои следат по глобалната здравствена и економска криза, низ призмата на новата Дигитална економија и предизвиците кои таа ги носи. Главната цел што сакаме да ја постигнеме преку овој настан е да се соочиме со реалните очекувања, новите трендови и моменталната состојба на индустријата. Истовремено да влееме доверба и надеж за посветли денови во туризмот на нашите засегнати страни.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ НАСТАНОТ

• Лидери на дојдовниот туризам и угостителската индустрија
• Сопственици и менаџери на агенции
• Сопственици и менаџери на хотели
• Сопственици и менаџери на ресторани
• Сопственици на превозни компании
• Туристички професионалци (водичи, занаетчии, спортски авантуристички клубови…)
• Професори и студенти

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
ОВАА ГОДИНА ОДЕТЕ НЕКАДЕ КАДЕ ШТО НИКОГАШ ПОРАНО НЕ СТЕ БИЛЕ, ДОЈДЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Инспирирани од Далај Лама

ГОВОРНИЦИ
Блета Бегу
Kонсултант за бизнис и маркетинг
Елена Ивановска
Консултант за туризам и проектен менаџмент
Горазд Скрт
Експерт во туризмот
Марлон Ван Хее
Експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер
Софи Иботсон
Основач на Максиум Експозуре Лтд
Роберт Дее
Директор на Роберт Дее Асоцијатес и Њу Деал Европа
Френк Мар
Интегриран ПР & Специјалист во дигиталната сфера, креативни кампањи, прес служба
Нестор Е. Лара Баеца
Партнер во LDN&TLV. Претседател на XHIBITION NYC
Тине Мурн
Основач на MINEBRAND UK
1
МЕСТО
2
ДЕНА
10
ГОВОРНИЦИ
150
БИЗНИС КОНТАКТИ
500
СОСТАНОЦИ
ПРИКЛУЧИ НИ СЕ
Гости - Атракции
25€

Членство во НАИТМ за 2021

Учество на конференцијата

Внесување во листата на дестинации

Претплата на билтенот на НАИТМ

Бизнис ЕКСПО
50€

Членство во НАИТМ за 2021

Учество на конференцијата

Презентација на компанијата на онлајн платформата

Можност за деловно вмрежување

Агенции - Туристичка Берза
200€

Членство во НАИТМ за 2021

Учество на конференцијата

Презентација на компанијата на онлајн платформата

Пристап до купувачите – тур оператори

Претходно закажани Б2Б состаноци

Претплата на билтенот на НАИТМ

Спонзори
500€+

Членство во НАИТМ за 2021

Учество на конференцијата

Презентација на компанијата на повеќе страни на онлајн платфомата

Пристап до купувачите – тур оператори

Претходно закажани Б2Б состаноци

Лого на компанијата на насловната страница

Претплата на билтенот на НАИТМ

ПОДДРЖАНО ОД
СПОНЗОРИ
Cisco
Limak
Artboard 1-100
bushi-100
AURA
hotel gold-100
hotel izgrev-100
popova kula-100