Практични информации за туристите за безбедно патување

Посетете ја МАКЕДОНИЈА – ОТВОРЕНИ СМЕ !!!     

Влез во Македонија: за патници кои пристигнуваат во државата од било земја во странство нема услов да се изолираат и не се бара PCR тест, сепак од здравствени причини може да се бара самоизолацијаако имате коронавирус или чекате резултати од ПЦР тест. Сите копнени гранични премини во Македонија се отворени за движење на патници и моторни возила, со исклучок на граничните премини со Грција. Соседните земји, сепакможат да имаат поразлични протоколи и ограничувања за влез и излез од нивната страна на границата. Меѓународниот аеродром Скопје и аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“ се отворени за сообраќај но со намален распоред на летови. Пред да патувате Ве молиме проверете дали можеби има промени во меѓувреме.

Протоколите за справување со корона вирустот (COVID-19) се според важечките протоколи на СЗО

  • ПРОТОКОЛИ ВО ТУРИЗМОТ

Патување низ Македонија:Дозволено е да се врши јавен превоз и такси услуги но при користењена јавниот транспорт мора да се носат заштитни маски на лицете.

Сите ресторани, кафулиња и баровиможат да работат доколку ги исполнуваат мерките и почитуваат протоколитеза социјално дистанцирање и другите мерки. Бизнисите имаат право да работат, вклучително и продавници во трговски центри, обложувалници и продавници за храна. Тие работат со намалено работно време и со ограничен бројот на луѓе кои се внатре во исто време.

На плажите и базенитесе воведени протоколи за здравје и безбедност, вклучително и носење маскина лицето преку устата и носот и држење на физичко растојание.         

Сите сместувачки капацитети работат строго во согласност со барањата кои вклучуваат специфични мерки за заштита на здравјето на туристите и висока хигиена. Капацитетите за сместување се подготвени за нормално функционирање и ги презедоа потребните анти-епидемиски мерки на Министерството за здравство за да работат во услови на КОВИД-19.

Некои од хотелите и рестораните направија повеќе со инсталирање на професионални антивирусни и анти-бактериски третмани со воздух.

Туристичките атракции, музеи и национални паркови функционираат и можат да примаат посетители во согласност со протоколите издадени од Министерството за здравство. Индивидуален план за нивно работење е воспоставен за секоја установа во согласност со препораките и упатствата на националните и регионалните власти за јавно здравје и за ограничување на инфекцијата со коронавирус.

  • ДРУГИ ПОВРЗАНИ ПРОТОКОЛИ

Јавни простори и услуги: Носење заштитни маски на лицето е потребно при посета на затворени јавни простории, како што се маркети, пошти, здравствени установи, продавници, банки, вклучително и при користење јавен превоз. Заштитни маски на лице се исто така потребни на отворено, освен во одредени околности, вклучително:

• индивидуален спорт со почитување на сите останати релевантни здравствени протоколи;забранети се групни спортови.

• во приватно патничко возило ако сте сами или со лица со кои живеете;

• кога сте во дворот на семејна куќа сами или со лица што живеат таму;

• додека седите во кафулиња, ресторани или други угостителски објекти кои ги почитуваат сите други релевантни здравствени протоколи;

• ако сте дете под 6 години;

• доколку е потребно да носите друг вид заштитна опрема специфична за работата;

• ако имате докажана здравствена состојба која ве спречува да носите маска

• Другите мерки вклучуваат откажување на некои културни и спортски настани; ограничувања на големи собири на јавни површини и затворање на некои училишта и универзитети.

• На други деловни активности, вклучително и центри за едукација и обука за возрасни, како и центри за испити и автошколи, спортски сали и индивидуални спортски практики на отворено им е дозволено да продолжат со работа со одржување на физичка дистанца и почитување на останатите воспоставени мерки.

Информации за нови мерки и протоколи:https://koronavirus.gov.mk

или прашајтего вашиот локален партнер тур-оператор за најдобра поддршка при патување

Со поддршка и надзор на Светскиот Совет за Патување и Туризам (WTTC) нашата асоцијацијаНАИТМ заедно со Министерството за Eкономија работи на добивање печат за безбедност и хигиена и да се вброи во безбеднитетуристичките дестинации.

Печатот за безбеднопатувањего добиваат дестинации со подобрени стандарди за безбедно патување.