
КАКО ДА ЈА СЛЕДИТЕ МТБ – КОНФЕРЕНЦИЈАТА на 25.02.2021
Може да се придружите на Македонската туристичка берза и конференција од вашиот компјутер, мобилен уред и телефон. Приклучете се со оној уред што вам највеќе ви одговара, но сепак ви препорачуваме да го користите вашиот компјутер бидејќи со поголем екран можете полесно да се движите низ настанот и да уживате во конференцијата.
- ПРИЈАВЕТЕ СЕ – SIGN IN
Откако ќе ја отворите почетната страница https://mtb.org.mk, во горниот десен агол кликнете на црвеното копче SIGN IN. Откако ќе влезете со вашата е-пошта/корисничко име и лозинка, ќе влезете во фоајето на платформата и ќе бидете подготвени да ја следите конференцијата.
• Со кликнување на посакуваната сесија во лебдечкото мени, од левата страна, ќе добиете пристап до избраната сесија на платформата WebEx
• Исто така, ако кликнете на горното мени на табулаторот AGENDA, ќе ги видите сите сесии планирани за тој ден, и со кликнување на насловот на сесијата, ќе добиете пристап до избраната сесија на платформата WebEx - СЛЕДЕЊЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА на Cisco WebEx
Ако е ова прв пат да се приклучувате на состанок или настан на WebEx, дозволете му најмалку 5/10 минути за WebEx автоматски да ја преземе апликацијата и да ги комплетира потребните полиња.
• Ако не сакате да инсталирате ништо, кликнете Join from the browser (приклучете се од прелистувачот)
• Кликнете на инсталацискиот фајл за да ја инсталирате апликацијата
• Ако автоматското преземање не работи, повторно кликнете на Download the app again (Преземи ја апликацијата)
• Ако се прилучувате од компјутер со Linux или Chromebook, нема да биде побарано да инсталирате ништо. Состанокот едноставно се отвора во вашиот прелистувач
• Исто така, можете рачно да ја преземете апликацијата WebEx Meetings
Во прозорецот за преглед, осигурајте се дека звукот односно аудио и видео делот ви е добро сетиран пред да се приклучите на состанокот.
• Прво, изберете како сакате да слушнете
• Кликнете на Start video за да го вклучите видеото
• Кликнете на Mute за да го исклучите вашиот микрофон
• Кликнете на Join Meeting за да се приклучите се на состанокот
• Ве охрабруваме да ја вклучите камерата за време на сесиите и да бидете дел од учесниците на конференцијата во живо.
- АГЕНДА – Програма на конференцијата
Конференцијата е поделена на 4 дела и ќе се одржи на различни јазици
09: 30-12: 00 ОТВОРАЊЕ – на Македонски Јазик
12: 30-15: 30 КОНФЕРЕНЦИЈА – на Англиски јазик
15: 30-16: 30 ВИРТУЕЛНА ТУРА – на Англиски јазик
ЛОБИ – на Македонски Јазик - ЕКСПО ЗОНА – Вмрежување
Факултативни мрежни состаноци преку профилите на членовите на NAITM кои може да се најдат на платформата https://mtb.org.mk/lobby/#expo
(агенции, ресторани, хотели, транспортери, други)
На формуларот за контакт на EXPO бизнис профилите можете да:
• Испратете директна е-пошта преку формулар за контакт на EXPO профилот
• Закажете состанок (за време или по настанот)
• Остварете директен повик преку Viber
(за оваа опција и примачот и прќачот на повик мора да имаат ја инсталирано апликацијата VIBER и поврзано со уредот од кој се обидуваат да воспостават повик)